Муцунски се сретна со Брнабиќ и со Момировиќ, потврден континуираниот политички дијалог без отворени прашања

September 4, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска беше дел од владината делегација која престојува во работна посета на Република Србија. Во рамки на посетата, делегацијата оствари одвоени средби со претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ и со министерот за внатрешна и надворешна трговија Тома Момировиќ.

Централен фокус на двете средби, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше потврдата на одличните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, плодната соработка во различни области, како и континуираниот политички дијалог без отворени прашања.

Муцунски на средбата со претседателката на српскиот Парламент се заблагодари за поддршката која Северна Македонија ја доби во гаснењето на неодамнешните шумски пожари и истакна дека овој пријателски чин претставува уште еден доказ за солидарноста и меѓусебната поддршка меѓу двете земји.

Во рамки на разговорите, како што се наведува во соопштението, министерот Муцунски ја најави и новата фаза во културната соработка меѓу двете земји, која ќе почне со отворањето на Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград.

– Овој центар ќе ги збогати културните врски меѓу двете земји и ќе работи на активна промоција на македонската култура во Србија, потенцираше Муцунски.

На средбата со министерот Момировиќ, како што се наведува, беа нагласени одличните економски односи меѓу двете земји кои во иднина треба и дополнително да се надградуваат.

– Со оглед на новите надлежности на Министерството за надворешни работи и трговија, на средбата беа разменети корисни искуства и заложби за зајакнување на трговските врски и културната соработка, се вели во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внимание: Наместо школски прибор треба да се замрзне цената на храната

Следно

Погледнете како се гаснеа пожарите кај Прилеп и Катланово (ВИДЕО)

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид повторно најтргувани, МБИ10 со благ пад од 0,21%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 8 јануари 2026 година, вкупниот промет на Македонската берза изнесуваше 14.885.390 денари, реализиран преку

Дигиталната платформа Македонска Држава и МАНУ со заедничка мисија за македонскиот јазик

Платформата „Македонска Држава“ официјално започна соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со што доби дозвола за објавување на материјалите од веб-порталот „Дигитални ресурси на македонскиот јазик“. Соработката овозможува научните,

ЕДЕН ГРАД ВО СРБИЈА ГО МЕНУВАЛ ИМЕТО ПОВЕЌЕ ОД 200 ПАТИ Во 1391 година се викал Забатка

На крајниот север на Србија, во Бачка, веднаш до границата со Унгарија, се наоѓа Суботица – еден од најубавите и културно најбогати градови во Војводина. Од Белград е оддалечена околу 180 километри,
Go toTop