Муцунски: Продолжуваме со целосна поддршка за повредените граѓани во пожарот во Кочани

March 22, 2025
2 mins read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за тековните активности и мерки преземени од Министерството во врска со згрижувањето и поддршката на македонските граѓани повредени во пожарот во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во 14 европски држави.

„Преку Кризниот штаб и нашите дипломатско-конзуларни претставништва направивме сè што е во рамките на нашите надлежности и можности – и ќе продолжиме со истата посветеност сè додека не обезбедиме најдобра можна помош и грижа за нашите сограѓани повредени во трагичниот настан во Кочани“, истакна министерот Муцунски.

Тој информираше дека вкупно 116 пациенти се хоспитализирани во 14 држави, од кои за 38 лица медицинската грижа е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, активиран веднаш по несреќата од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот изрази посебна благодарност за брзата и ефикасна реакција на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кој во координација со дипломатските мисии и сите надлежни институции овозможи транспорт на пациентите до странски болници во најкус можен рок и според највисоките медицински стандарди.

Според податоците што беа презентирани, во Србија се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти се згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска. Во Полска се лекуваат 2 пациенти. Дополнително, Чешка и Израел испратија медицински тимови, а Романија, Луксембург, Норвешка и Финска обезбедија логистичка поддршка за транспортот на повредените.

Министерот Муцунски нагласи дека лично ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана, и најави посета на Будимпешта во наредните денови.

„Се сретнав со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добив детални информации за здравствената состојба на секој пациент. На најблиските им пренесов дека државата стои целосно зад нив, додека на здравствените работници им изразив длабока благодарност за пожртвуваноста и професионалноста во битката за спасување животи. Исто така, реализирав  средби со моите колеги министри за надворешни работи и здравство, на кои упатив благодарност за солидарноста и подготвеноста да помогнат во овие исклучително тешки моменти. Нивната поддршка ни значи многу – не само од медицински аспект, туку и како израз на блискост, човечност и пријателство“, рече Муцунски.

Тој потенцираше дека трошоците за лекувањето на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини, додека Владата на Република Северна Македонија ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата. Министерството, преку своите дипломатско-конзуларни претставништва, е во постојана комуникација со семејствата и со надлежните здравствени институции во странство, а дежурните телефонски броеви на Министерството и Службата за општи и заеднички работи остануваат достапни за сите потреби и информации.

„Во овие моменти на длабока тага, наша обврска е да останеме целосно посветени, одговорни и хумани – насочени кон поддршка на семејствата на починатите и на повредените. Подготвени сме да продолжиме со иста решителност и ангажман во обезбедувањето на брза, ефикасна и достоинствена здравствена грижа“, додаде министерот.

На крајот, Муцунски упати благодарност до сите вработени во здравствениот систем, кои покажаа исклучителна пожртвуваност и професионалност. Тој истакна дека веднаш по завршувањето на прес-конференцијата, во Министерството ќе се одржи координативен состанок за организација на претстојната репатријација на пациентите кои ќе завршат со лекување во странство, како и на нивните семејства.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана

Следно

Протести низ светот за солидарност со Газа

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop