Муцунски на средба со Копман: Владата е посветена на процесот на европска интеграција

August 25, 2025
1 min read

Владата во изминатата година демонстрираше сериозна посветеност во исполнувањето на обврските од реформската агенда, постигнувајќи значителен напредок, особено во областите на дигитализацијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата, при што истакна дека овие приоритети остануваат во фокусот и во наредниот период, истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната средба во Брисел со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека на средбата се разменети мислења за спроведувањето на реформската агенда, посветеноста на Владата да испорачува видливи резултати од реформските процеси, како и за Планот за раст како дел од пошироката европска поддршка за регионот.

Стана збор и за регионалната соработка, при што е нагласена активната улога и придонесот на Република Македонија во рамките на регионалните иницијативи, како и кон стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Facebook/Timco Mucunski

Соговорниците се осврнаа и на актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа. Во таа насока е потенцирана важноста од продолжување на поддршката за Украина и потребата од заеднички, координиран пристап во справувањето со последиците од руската агресија.

Во фокусот на разговорот беше и иницијативата „Роаминг како дома со ЕУ“, насочена кон постепено укинување на трошоците за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Одлуката за оваа иницијатива се очекува да биде донесена на почетокот на следната година.

Министерот Муцунски, кој престројува во работна посета на Брисел, уште еднаш ја потврди цврстата посветеност на Република Северна Македонија кон процесот на европска интеграција како еден од стратешките приоритети во надворешната политика. Тој ја истакна и целосната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и значењето на стратешкото партнерство со Европската Унија во областа на безбедноста и одбраната, се нагласува во соопштението од МНРиНТ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стинг доби тужба за милионски загуби од членовите на неговиот поранешен бенд „Полис“

Следно

Три лица загинаа при уривање на хеликоптер во Англија

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop