Младите сакаат да живеат во поубав, модерен град кој постојано се развива. ВМРО-ДПМНЕ знае како идеите да ги претвори во конкретни решенија и секој предизвик да го надмине со реален проект, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
На попладневната средба со младите од Општина Бутел разговаравме за проектите на партијата и за визијата што ја споделуваат Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски – визија за развој, функционалност и подобар живот, додаде во објавата.
Присуството во општината го искористив и за средби со жителите на Радишани. Разговаравме за приоритетите и предизвиците на општината, како и за понудата на ВМРО-ДПМНЕ – чесни, докажани и искусни кадри кои можат да го продолжат развојот на Бутел, нотира Муцунски во објавата на својот фејсбук профил.
Младите сакаат да живеат во поубав, модерен град кој постојано се развива. ВМРО-ДПМНЕ знае како идеите да ги претвори во…
Posted by Timco Mucunski on Tuesday, October 7, 2025
Извор: kurir.mk