Муртезани во ЕП: Поддршка за европската перспектива на земјава  

February 4, 2025
1 min read

Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Северна Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава.

На средбите европратениците ја истакнаа важноста на реформите и динамиката на пристапниот процес, како и потребата од градење стабилни односи со сите земји членки на Унијата.

При тоа, беше нагласено дека продолжувањето на интегративниот пат зависи од заедничките напори и конструктивен пристап во решавањето на предизвиците на европскиот пат.

Министерот Муртезани, од своја страна, изрази благодарност за континуираната поддршка и ја потенцираше посветеноста на земјава кон европската агенда. Тој истакна и дека земјата останува активен партнер во процесот на пристапување и очекува предвидлив и праведен пристап од страна на Европската Унија.

За време на дводневната посета на Брисел, што започна денеска, предвидено е Муртезани да се сретне и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, со копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ, хрватскиот европратеник Карло Реслер, со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Мати Масикас и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке.

На средбите се очекува да се разговара за напредокот на земјава во процесот на пристапување во ЕУ, Реформската агенда, следните чекори во преговарачкиот процес, за соработката со европските институции, како и за политичките и безбедносни предизвици во регионот и за геополитичките аспекти на процесот на проширување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како пропаднаа познатите ланци на обувки на Балканот?

Следно

Лешко: Синот не може никој да ни го врати, ние бараме само правда

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop