Муртезани-Палминтери: Продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на евроинтеграција

February 11, 2025
1 min read

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија, Паоло Палминтери.

Министерот Муртезани ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка на Италија за политиката на проширување на Европската Унија, како една од нејзините основачки земји-членки. Соговорниците констатираа дека овој ангажман е од суштинско значење за зачувување и унапредување на моменталната динамика на процесот на проширување.

Во тој контекст, беше потенцирана активната улога на Италија во рамките на групата „Пријатели на проширувањето“, што уште еднаш беше потврдено со одржувањето на вчерашниот состанок во Рим.

Муртезани и Палминтери ја реафирмираа успешната соработка во рамките на европските инструменти, како што се IPA Twinning и TAIEX, каде досега се реализирани осум Twinning проекти со италијански партнери во областа на животната средина, земјоделството, организираниот криминал и развојот на приватниот сектор. Министерот Муртезани ја охрабри италијанската страна за понатамошно учество во овие програми, кои значително придонесуваат кон усогласување со европските стандарди. Дополнително, беше истакнато дека Северна Македонија веќе е дел од меѓурегионалните и транснационалните територијални програми – URBACT, Interreg Европа, Euro-Med и Adrion, што отвора нови можности за зајакнување на партнерствата меѓу институциите и граѓаните на двете земји.

Министерот Муртезани и амбасадорот Палминтери ја потврдија заедничката посветеност кон продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење е кршење на демократските стандарди

Следно

Мицкоски повторно си игра со рокови: Ограничените маржи во трговијата на мало и на големо ќе траат до крајот на април

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop