Муртезани од Тирана: Коридорот 8 – симбол на интеграција и европска поврзаност, кој ја олеснува трговијата и ја зајакнува регионалната соработка

September 8, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествувал на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана, Албанија, каде во рамки на првиот ден од Конференцијата бил говорник на панелот на тема „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“.

Во своето обраќање, како што соопштија од Министерството за европски прашања, министерот Муртезани нагласил дека патот кон Европската Унија за земјите од Западен Балкан претставува избор на вредности и заедничка иднина, а не само технички процес. Тој истакнал дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европската агенда преку спроведување суштински реформи поддржани со Инструментот за претпристапна помош и Инструментот за реформи и раст во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.

Министерот, се посочува, потсетил на значењето на Охридскиот договор од 2001 година, кој ја претвори Северна Македонија во функционална мултиетничка демократија и овозможи активна политичка и институционална улога на Албанците во државата. Овој модел, како што подвлекол, е доказ дека различноста претставува сила која ја зајакнува стабилноста и е вредност што се поклопува со европските стандарди.

Муртезани се осврнал и на потребата од натамошна регионална поврзаност преку заеднички инфраструктурни и културни проекти. Тој го посочил Коридорот 8 како симбол на интеграција и европска поврзаност, кој истовремено ја олеснува трговијата и ја зајакнува соработката меѓу државите од регионот. Во тој контекст, тој ја истакнал важноста и на културните и образовните размени кои придонесуваат за создавање на заеднички европски идентитет.

Во своите пораки, министерот Муртезани нагласил дека албанските заедници низ регионот имаат улога на природни мостови за дијалог и разбирање, кои придонесуваат за добрососедски односи; еден од клучните критериуми за членство во Унијата. Тој истакна дека Албанците во регионот отсекогаш биле активни во градењето институции, јакнењето на социјалната кохезија и унапредувањето на владеењето на правото, како и во борбата против корупцијата, што претставува клучна вредност и европска и општествена.

Завршувајќи го своето обраќање, министерот Муртезани се повика на зборовите на писателот Исмаил Кадаре „Европа е нашата куќа и ние немаме друга“, подвлекувајќи дека оваа порака е потврда на заедничката определба за европска иднина на целиот регион.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дејвид Духовни елегантен на УС Опен, откри дека тајно се венчал

Следно

Меџити на терен: „Банатска“ улица ќе биде пофункционална и долготрајна

Latest from Blog

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново

До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни се два пожари, и исто толку се оод контрола, а изгаснати се 27 пожари.

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop