Муртезани домаќин на Самитот на лидерите за Западен Балкан

July 1, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на Панелот 2 на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст кој се одржува во Скопје, информираат од Министерството за европски прашања. Во соопштението наведуваат дека панелот „Фокусирање на столбовите од Планот за раст“ се одржал во присуство на министри за европски прашања од Западен Балкан, високи претставници на Европската комисија, како и претставници на регионалните организации и меѓународни финансиски институции.

Во своето воведно обраќање, Муртезани порачал дека државата не гледа како задачи на чекорите кои треба да се преземат, туку „како усогласување со нашиот идентитет – идентитет кој цврсто припаѓа на европското семејство“. Според Муртезани, најсоодветното место за дискусија за раст е токму Скопје, бидејќи, како што посочил, Скопје е градот каде мостовите ги поврзуваат не само бреговите, туку и генерациите.

„Министерот ја нагласи суштинската улога на Планот за раст како катализатор за реформи и европска интеграција, потенцирајќи дека „растот не го мериме во апстрактни бројки, туку во фактот дека стартапи остануваат тука, студентите се враќаат, а судството станува функционално“. Тој информираше дека Владата на Северна Македонија ја усвои Реформската агенда во август 2024 година, по што следуваше поддршка од Комитетот за ИПА и Европската комисија. Северна Македонија прва во регионот ги заврши законските процедури за Спогодбата за Инструментот и заемот, и доби претфинансирање од 52,4 милиони евра. Во март 2025 година, беше поднесено првото барање за средства со целосно реализирани пет реформски чекори – меѓу кои нов Закон за внатрешна финансиска контрола, подзаконски акти за буџетска транспарентност, измена на Законот за трговски друштва, дипломирање на 97 нови судии и обвинители, како и воспоставување структури за правична транзиција“, стои во соопштението.

Панелот, додаваат оттаму, бил фокусиран на две стратешки теми, односно спроведувањето на ефикасни реформски агенди и унапредувањето на Заедничкиот регионален пазар. Во тој контекст, министерот посочил дека денешната дискусија е можност за споделување иновативни решенија, заеднички иницијативи и трансформативни амбиции. 

Во заклучокот на сесијата, министерот истакнал дека реформата не е само листа на задачи, туку „нашиот компас, додека регионалната интеграција повеќе не е само цел, туку темел на кој стоиме заедно“. 

„Кога оваа панел-дискусија ќе заврши, дури тогаш започнува вистинската работа. Да го изодиме тој пат не како шест соседни земји, туку како еден регион што конечно се движи со ист чекор“, истакнал министерот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

Следно

ВИДЕО: Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење!

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop