Можен ли е блек-аут како во Шпанија и Португалија? Одговара Димитров

May 7, 2025
1 min read

Дали и Македонија се соочува со ризик од масовен прекин на електричната енергија, сличен на оној што неодамна се случи во Шпанија и Португалија? На ова прашање одговор даде универзитетскиот професор Константин Димитров, гостин во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

„Она што го имаме изградено во Македонија, убеден сум дека може да ја пренесе количината на произведена електрична енергија. Но, кога системот не може да ја прифати таа енергија, тоа влијае врз фреквенцијата. Тогаш, диспечерот има една можност – да исклучи одредени производни капацитети за да ја задржи стабилноста на мрежата“, објасни Димитров.

Тој појасни дека стабилноста во електроенергетскиот систем ја обезбедуваат таканаречените ротациони машини – турбините и генераторите во термо- и хидроцентралите – кои, благодарение на својата маса и инерција, можат одредено време да ја одржат фреквенцијата стабилна и да спречат колапс.

„Сигурно е дека во Шпанија дошло до нагло зголемување на електричната енергија, што довело до преоптоварување на системот“, додаде тој.

Димитров подвлече дека ова е сериозен сигнал дека мора однапред да се размислува за баланс меѓу потрошувачката и производството на струја. Вишокот енергија, според него, мора стратешки да се пренасочува за да се избегнат нестабилности.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Болнички апарати фаќаат прашина – најавен шокантен извештај на Државниот завод за ревизија

Следно

Трамп: Во рок од 24 часа ќе има објава во врска со Газа

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop