Москва вели дека украинските диверзантски групи се обиделе да извршат напади врз руските погранични региони

March 12, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија денес соопшти дека украинските диверзантски групи се обиделе да извршат неколку напади врз пограничните региони Белгород и Курск, пренесува Анадолу.

Министерството за одбрана соопшти дека по интензивното гранатирање цивилни цели, украинските единици се обиделе да навлезат на руската територија со тенкови и оклопни возила истовремено во три правци во околината на населбите Одноробовка, Нехотеевка и Сподарјушино во регионот Белгород.

Како одговор, Русија ги собори борбените авиони кои извршија напади врз групите, додека ракетните и артилериските сили го следеа водството на авијацијата, според Министерството.

Се вели дека противникот „претрпел значителни загуби“ и се повлекол, а немало нарушување на државната граница.

Во битката се уништени пет тенкови и едно оклопно возило, се вели во соопштението, додавајќи дека пет часа по нападот во Белгород, украинските војници извршиле четири напади во областа Курск, од кои сите биле одбиени.

Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештај на „Греко“ за правосудството, црната дамка останува

Следно

Краповиќ: Војската на Црна Гора нема да учестува во војната во Украина

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop