Москва протестира поради апсењето на руски државјанин во Полска, бара објаснување од Варшава

June 30, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Москва „жестоко протестира“ поради апсењето на руски државјанин во Полска и бара објаснување, јавува Анадолу.

„Руската Амбасада во Варшава ги истражува околностите околу инцидентот“, изјави Захарова за руската државна новинска агенција ТАСС, додавајќи дека сета потребна помош ќе му биде укажана на рускиот хокеар обвинет за шпионажа.

„Според полскиот обвинител, ова е 14-ти случај на апсење на руски државјани. Го изразуваме нашиот силен протест до Варшава. Бараме нејзини итни сеопфатни објаснувања“, новинската агенција ја цитираше изјавата на Захарова.

Полскиот јавен обвинител и министер за правда Збигњев Тадеуш Зиобро претходно денес на својот профил на Твитер објави дека Агенцијата за внатрешна безбедност на земјата уапсила руски државјанин.

Според истрагата, рускиот државјанин е во Полска од октомври 2021 година. Обвинителот го обвини дека е член на организирана криминална група и дека работел за странско разузнавање, што е кривично дело за кое доколку се докаже, казната е затвор до 10 години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

8 јуни, денот кога Украина изгуби 25 тенкови и борбени возила за миг

Следно

Уапсен тренерот на ПСЖ, еве што направил

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop