Москва одби меѓународна истрага за Навални

February 20, 2024
1 min read

Кремљ одбива меѓународна истрага за смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој пред пет дена во неразјаснети околности почина зад решетки во Сибир. Според официјална Москва, барањата на Брисел за ваква истрага се неприфатливи. Во меѓувреме, руските власти го информирале семејството на Навални дека ќе го задржат неговото тело уште 14 дена, за да извршеле, како што велат, одредени хемиски испитувања.

„Петти ден како не можам да го видам, не ми го даваат телото, ниту ми кажуваат каде е. Ви се обраќам на вас, Владимире Путин, одлуката зависи само од вас. Дозволете ми да го видам конечно мојот син. Барам да ми биде дадено телото на Алексеј за да можам човечки да го погребам“, рече Људмила Навалнаја – мајка на Алексеј Навални.

Од Кремљ исто така истакна дека обвинувањата на сопругата на Алексеј, Јулија Навалнаја, дека рускиот претседател Владимир Путин стои зад смртта на нејзиниот сопруг, се „празни и груби“. Од друга страна, првиот човек на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, барајќи меѓународна истрага, денеска нагласи дека, како што рече, неочекуваната и шокантна смрт на Навални е уште еден знак за систематска репресија во Русија.

„ЕУ нема да штеди напори да бара одговорност од политичкото раководство и властите на Русија во тесна координација со нашите партнери; и ќе наметне дополнителни последици за нивните постапки, вклучително и преку санкции“, рече Борел.

Голем број европски земји изутринава ги повикаа на разговори во своите министерства за надворешни работи амбасадорите на Руската федерација. Им беше пренесена осуда за смртта на Навални, но и ја повикаа Москва да ги разјасни причините. Дел од нив најавија и дополнително санкции кон Русија. Засега единствено српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да им се придружи на таквите евентуални санкции. Од Министерството за надворешни работи кај нас пак, засега нема одговор ниту за санкции, ниту пак дали во МНР ќе биде повикан рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Приведена руско-американска државјанка обвинета за велепредавство

Следно

Алтун: „Не треба да бидеме рамнодушни пред израелските дезинформациски кампањи за Газа“

Latest from Blog

Празнична магија во Битола: Новогодишен базар во ООУ „Гоце Делчев“ ги собра учениците и граѓаните

Вечерва, во Битола, дворот на ООУ „Гоце Делчев“ беше исполнет со празнична атмосфера, каде што голем број ученици, родители и граѓани присуствуваа на новогодишниот училишен базар. Настанот привлече внимание како еден од

Главната просветна инспекторка е УАПСЕНА ВО САРАЕВО

Деканот на Стоматолошкиот факултет во Сараево, Мухамед Ајановиќ, и главниот просветен инспектор, Далила Хакаловиќ, кои беа уапсени вчера по наредба на Обвинителството на Сараевскиот кантон, беа предадени на надлежностите на таа институција.

ВЛЕН со план за обединување во единствена партија со ротациско раководство и консензусно одлучување

ВЛЕН со план за обединување во единствена партија со ротациско раководство и консензусно одлучување Коалицијата ВЛЕН е на чекор до трансформација во единствена политичка партија под името Демократска унија на Албанците ВЛЕН,

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите

Скопје, 26.12.2025 Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката
Go toTop