Мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме модел што би наликувал на Република Српска, вели Османи

June 17, 2023
2 mins read

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска во изјава за „Дојче веле“ истакна дека Приштина е подготвена да направи повеќе за етничките Срби да се чувствуваат рамноправни, но кога станува збор за имплементирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), мора да се биде внимателен бидејќи, според неа, тоа не би смеело да наликува на Република Српска.

Според Османи, ваквите евентуални творби би биле опасни за регионот, но и за цела Европа и затоа треба да се работи на модел кој би бил прифатлив за сите страни подеднакво. Кога станува збор за одржување на избори на северниот дел од земјата, таа вели дека Косово е подготвено да организира избори веднаш, со предуслов во нив да земат учество етничките Срби

“Побаравме поддршка од нашите партнери за да обезбедиме Србија да не се меша незаконски во изборите на друга земја, како што направи минатиот пат, и да не врши притисок врз косовските Срби да не учествуваат, но досега не сме добиле одговор“

кажа Османи.

Османи изјави и дека косовските власти им предложиле на КФОР и на ЕУлекс да направат заедничка безбедносна проценка за повлекување на косовската полиција од северот на државата, но истакна и дека треба да продолжат заедничките напори за да се пронајдат оние што извршија насилство врз војниците на КФОР.

За влошувањето на ситуацијата во доминантно српските општини, Османи вели дека виновникот е Србија, а претседателот Вучиќ се враќа на стара стратегија блокирајќи го напредокот на земјата. Таа ја критикуваше меѓународната заедница што не реагира на, како што рече, кршењето на договорите извршени од Србија.

„Во последните два месеца, од 18 март, кога беше склучен договорот, континуирано има прекршувања, но никогаш не слушнавме изјава од европските земји. Мислам дека ова ја охрабрува Србија да не се грижи за тој процес и го поткопува кредибилитетот на процесот на дијалог“,

рече Османи.

Од друга страна, пак, денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кажа дека синоќа во северниот дел на Митровица имало вистинска воена опсада и дека косовскиот премиер Албин Курти наместо да работи на намалување на тензиите, работел на предизвикување војна. Под вакви околности, според Петковиќ, Белград не гледа како може да продолжи понатамошниот дијалог за деескалација.

„Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила, го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки. Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидоа да уапсат неколкумина“,

рече Петковиќ.

Тој рече дека косовскиот премиер константно провоцира, сакајќи да започне нов конфликт и војна. За барањата на САД и на Велика Британија да се ослободат косовските полицајци што пред неколку дена беа уапсени на територија на Србија, Петковиќ вели дека барањето е шокантно бидејќи сите говорат за нивно ослободување, но не и за ослободувањето на Србите во Косово.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ново издание на 360°: ДУИ и две крила на СДСМ во битка за превласт во Судскиот совет?

Следно

Реал Мадрид има план: Мбапе во јануари на „Сантијаго Бернабе“

Latest from Blog

15 години „Аџибадем Систина“ – ги менуваме стандардите за медицинска грижа

Првата и најголема приватна клиничка болница во земјава  „Аџибадем Систина“ одбележува 15-годишен јубилеј. Отворањето на болницата на 7 април 2010 година го означи почетокот на нов интегриран пристап кон медицинската грижа. Петнаесет години

Од 75 на 100 денари: Се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна добра вест дека донесена е одлука за историско зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија. Како што вели,

Нетанјаху и Трамп во Белата куќа ќе разговараат за американските царини, Хамас, Иран…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел,

Викендов 2 553 сообраќајни прекршоци, 543 за брзо возење

Викендов во рамки на сообраќајните контроли низ државата биле издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира МВР. Поради

Туркије: Пролетта во Сакарија на љубителите на природата им нуди прекрасна глетка

САКАРИЈА (АА) – Маргаритките, зумбулите, лалињата и виолетовите шумски цветови кои цветаат во пролет ја обоија околината на турската планина Чам, со надморска височина од 900 метри, сместена меѓу областите Кочаали и
Go toTop