МОН: Ново раководство ја продолжува мисијата на Националната агенција за спроведување на европските програми за образование и мобилност

August 12, 2025
1 min read

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има ново раководство кое ќе ја продолжи имплементацијата на „Еразмус“ и „Европски солидарен корпус“ во Македонија, како и на неколку други европски програми и мрежи за образование и мобилност. За в.д. директорка на институцијата е избрана Ана Михајлов, која доаѓа од редот на вработените и има искуство во областа повеќе од 15 години, информираат од министерството за образование и наука.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната средба со Михајлов и’ посака успех во спроведување на програмските определби, посочувајќи дека активностите на Националната агенција се исклучително важен дел од напорите на државата за интегрирање на македонскиот образовен систем во европскиот образовен простор.

Михајлов изрази уверување дека институцијата ќе продолжи доследно да ги почитува европските начела за работа при спроведување на програмите за образование и мобилност и придобивките од истите да ги доближува до што повеќе ученици, наставници, граѓански здруженија и други чинители на образовниот систем.

Како национален авторитет, Министерството за образование и наука продолжува да ја следи работата на Агенцијата и преку редовна комуникација со образовните и научните институции и тела во рамки на Европската комисија да гарантира правилно и оптимално работење, како и континуирана надградба на капацитетите на институцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкалоид и Комерцијална банка доминираа по промет; МБИ10 -0,05 %

Следно

Димитриеска Кочоска: Целосна транспарентност на буџетските исплати за време на изборниот период

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop