МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава

September 5, 2025
1 min read

Се работи на три нови закони, со коишто на студентите ќе им се понудат нови студиски програми, кои се актуелни, како и поголема пракса, за да полесно најдат работа, порача министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која денеска одговараше на новинарско прашање за зошто нашите студенти заминуваат и се запишуваат на факултетите во Словенија. Министерката Јаневска рече дека околу околу 2.000 македонски студенти се наоѓаат во Словенија.

-Затоа што Словенија е членка на Европската унија и затоа со тој потег сметаат дека им се отворени вратите во светот. Но, тоа е помал проблем, дополнителен проблем е што треба промена на нашите студиски програми, за што веќе дискутираме со државните Универзитети во Македонија, за да се воведат студиски програми кои се актуелни и кои ќе можат да обезбедат работни места на пазарот на трудот, бидејќи веќе дискутираме на таа тема со новиот Закон за високо образование, за новиот Закон за АКВО, за новиот Закон за научно-истражување. Рачунаме дека овој проблем ќе биде надминат, изјави Јаневска.

Таа посочи дека дополнително се предвидува и повеќе практична настава за студентите, во текот на студирањето, со што ќе се создадат соодветни услови, а студентите ќе сметаат дека и во Македонија ќе можат да го постигнат истото знаење, вештини, компетенции кои би ги добиле во Словенија или во некоја друга земја членка на ЕУ. Министерката за образование и наука, Јаневска вели дека има многу причини, зошто младите заминуваат да студираат надвор од земјата, едната е и севкупната општествена состојба.

-Долги години наназад, постојано се промовира дека оваа земја не е добра, дека овде се случува и реално се случуваа социолошки, општествени негативни феномени, кои децата, кога ние мислиме дека не се свесни, сепак се сосема свесни. Треба промена на целокупниот општествен систем, со почитување на право, правда. Со почитување на закони, со намалување на минимум на корупција, криминал за да тие ја вратат довербата во сопствената држава, вели Јаневска.

Забележа дека во нашата држава патриотизмот долго време се сметаше за негативно чувство или негативен став кон општеството.

-Па тоа секако влијаеше на децата, не сме посветиле доволно внимание ниту на тоа. Дополнително во помалите возрасти го пропуштивме процесот на воспитување, процесот на однесување, процесот на почитување на државата, процесот на чувствување на државата, како своја, вели Јаневска.

Таа додаде дека доволно внимание и изминатите години биле заборавени и процесите на интегритет на децата и наставниците.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од МНТ до МКЦ: Ѓорѓиевски ги слушна идеите на културните работници

Следно

Затемнувањето на Месечината в недела ќе се гледа и од Македонија

Latest from Blog

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува

Плус Инфо: Двојни аршини и спорни квалификации во постапувањето на Обвинителството во случајот „Пулс“

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој однесе 63 човечки животи, прераснува во сериозен тест за македонскиот правосуден систем, не само поради тежината на последиците, туку и поради правните преседани

Коњановски: Визијата на Гоце Делчев и денес ја води Македонија

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делегација од Општина

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин е потсетник на „болните времиња во бракот“.
Go toTop