Моќен старт на Сити: Халанд го торпедираше Вулверхемптон (ВИДЕО)

August 16, 2025
1 min read
фото: Manchester City (X)

Фудбалерите на Манчестер Сити го прегазија Вулверхемптон во последниот денешен меч од првото коло од Премиер лигата. Гостите славеа со 0:4, а првиот гол го постигнаа во 34-тата минута, кога Халанд на асистенција на Луис погоди за 0:1.

Само три минути подоцна, Рејндерс го совлада голманот на домаќините, а овој пат асистенцијата ја имаше Боб. Халанд постигна втор гол во второто полувреме, а конечните 0:4 беа дело на нововлезениот Рајан Черки.

Навивачите на Вулверхемптон создадоа незаборавен момент пред почетокот на мечот, кога  трибините еруптираа во аплауз за нивниот поранешен фудбалер Диого Жота кој загина во сообраќајна несреќа. На јужната трибина се разви огромен, импозантен постер со ликот на Португалецот кој беше пречекан со громогласни овации. На овој емотивен момент присуствуваше и семејството на фудбалерот – неговите родители и неговата сопруга Руте Кардосо, кои беа специјални гости на клубот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Натсолиду: Грција со децении не ја признава македонската заедница и јазик

Следно

Црна Гора се бори со пожари – Подгорица најзагрозена, критично во Пипери и Кучки Корита

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop