Мојсовска: Македонија треба да произведува храна за извоз, а не да увезува

January 2, 2025
1 min read

Штета е Македонија да увезува храна кога имаме услови за производство и потенцијал за извоз, истакна Васе Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, во изјава за МИА. Таа се осврна на предизвиците што ги донесе изминатата година и очекувањата за земјоделството во иднина.

– Оваа година беше исполнета со многу проблеми, особено поради големата суша што значително ги намали приносите кај многу култури. Во некои делови на земјата, од мај до ноември немаше капка дожд, а недостатокот на вода дополнително го влоши производството, рече Мојсовска.

Таа нагласи дека слабите приноси не се само удар за земјоделците, туку и за економијата на државата. Проблемите со климатските промени, кои ја погодуваат Македонија повеќе од 15 години, создаваат огромни загуби.

– Потребни се поголеми инвестиции во заштитни мрежи, анти-фрост системи, системи кап по кап и нови технологии за наводнување. Финансиската поддршка мора да биде брза и ефикасна, истакна таа, додавајќи дека субвенциите се особено важни кога пристигнуваат навреме.

Мојсовска ја поздрави исплатата на основните субвенции за 2024 година, кои ќе помогнат во подготовката за следната сезона. Таа апелира оваа практика да продолжи и во иднина, бидејќи само со навремена поддршка земјоделците можат да инвестираат и да го одржат производството.

Посебно внимание посвети на малите оператори на храна и семејните винарии, кои, според неа, можат да ја раздвижат руралната економија. Со поддршка во опрема и технологија, тие можат да прераснат во мали фабрики, да создаваат нови брендови и да вработуваат локално население.

Мојсовска подвлече дека Македонија мора да се фокусира на земјоделски производи со извозен потенцијал, да инвестира во младите во руралните средини и да обезбеди услови за нив да останат и да работат во земјоделството.

– Земјоделството има огромен потенцијал, но за успех е потребна координација меѓу сите чинители – земјоделците, откупувачите, државните институции, науката и локалните самоуправи. Само така ќе обезбедиме зголемено производство и помала зависност од увоз на храна, заклучи Мојсовска, честитајќи ги празниците со желби за здравје, среќа и успех за земјоделците.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Следно

Јануарска магија за најмладите во Кинотека на Македонија со „Кино утро“

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се
Go toTop