Модриќ до Крос: Легенда, беше чест да го споделам средниот ред на Реал со тебе

May 22, 2024
1 min read

Ветеранот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја коментираше одлуката на Тони Крос да се пензионира.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и на германската репрезентација најави повлекување од фудбалот по Евро 2024 година.

– Драг Тони! Многу ми е тешко да ги напишам овие зборови. Фудбалскиот свет е тажен поради заминувањето на историски играч, а признавам и јас сум многу тажен. Пријател, ти си легенда на овој спорт и легенда на Реал Мадрид. Навистина уживав да си играм со тебе. Беше чест да го споделам средниот ред на Реал Мадрид со тебе. Имаш квалитети кои те прават единствен и посебен играч, никогаш нема да има друг Тони Крос. Постигнавте се, но уште нешто останува. Заедно одиме на 15. трофеј во Лигата на шампионите. Ќе ми недостигаш пријателе, напиша фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид.

Крос е во Реал десет години. Претходно играше за Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трошоците за Украина не е лесно да им се објаснат на гласачите

Следно

Доаѓаат да работат, па ќе побегнат во ЕУ

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop