МО: Македонско – норвешката одбранбена соработка се развива со засилено темпо

February 4, 2025
1 min read

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (4 февруари) ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка акредитирана за нашата земја Кристин Мелсом со која разговараше за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот даде полна поддршка за реализација на започнатите проекти и порача дека македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната безбедност во Алијансата, соопштија од македонското министерство за одбрана.

„Ви благодарам за вашата континуирана долгогодишна поддршка. Заеднички реализиравме многу проекти, но не застануваме тука – остануваме посветени во развојот на нови проекти вклучувајќи го и проектот за развој на цивилниот кадар чија реализација ќе започне во април годинава“, рече министерот на средбата.

Двете земји соработуваат и во рамките на Балканските медицински наменски сили каде Норвешка е земја партнер и го поддржува развојот на медицинските сили. Во тој контекст, министерот Мисајловски изрази подготвеност нашата земја во 2026 година да биде домаќин на Комитетот на команданти на воено-медицинските сили на земјите на НАТО. Воедно беше потврдена соработката и во други области, како заедничко учество на вежби, соработка во доменот на односи со јавност, поддршка на РЦОЈ и АП Криволак, соработка меѓу воените академии и др.

Македонско-норвешката соработка во одбраната датира од 2008 година кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов двете земји работат на усогласување на Планот за билатерална соработка во одбраната за 2025 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче за замрзнувањето на програмите на УСАИД: САД треба да останат партнер на земјава

Следно

Германски генерал: Заканата од Русија е „екстремно сериозна“

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,
Go toTop