МО го зголемува интересот кај младите за Армијата, започна популаризацијата на воената професија

February 3, 2025
1 min read

Во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп денеска започна проектот за Популаризација на воената професија, каде претставници од Министерството за одбрана и Воената Академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата ги информираа средношколците за можностите кои ги нуди воената професија.

На информативните предавања младите имаа можност да се запознаат со условите за прием на служба во Армијата, но и со можностите за личен и професионален напредок кои се дел од воената професија.

Целта на проектот е зголемување на интересот на младите за воената професија, а со тоа и зголемување на интересот на огласите за професионални војници и питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, што е од особена важност при селектирање на различни профили на кадри.

Министерство за одбрана

Министерството за одбрана наскоро ќе објави оглас за прием на 300 професионални војници на кој ќе можат да се пријават сите млади македонски граѓани. Со овој потег најавен од министерот Мисајловски ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено таа ќе се подмлади со млади и мотивирани граѓани чија задача ќе биде безбедноста на татковината.

Популаризацијата на воената професија низ средните училишта ќе се реализира во период од февруари до април 2025 година и ќе опфати 99 средни училишта низ државата. Денеска овој проект се спроведува во средното училиште „Илинден“ и гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, СУ „Гоце Делчев“ во Валандово, СУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ и СОУ „Мирче Ацев“ во Прилеп.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте: Новата цел за одбранбени трошоци ќе биде многу повисока од два отсто од БДП

Следно

Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: „Станува збор за кривично дело сторено со умисла“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop