МНР со ВАЖНО соопштение за МАКЕДОНСКИТЕ граѓани кои планираат да патуваат на Блискиот Исток

March 2, 2026
1 min read

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, по таргетирањето на Иран на Израел и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база на територијата на Република Кипар.

– Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели и партнери. Повредата на суверенитетот и таргетирањето цивилни цели се неприфатливи и се во директна спротивност со основните принципи на меѓународното право. Мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток не се апстрактни категории, туку суштински предуслови за глобалната стабилност, соопшти денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму посочуваат дека со внимание и загриженост ги следат случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност.

– Приоритет на Владата останува безбедноста и поддршката на македонските државјани кои по различни основи се наоѓаат во овој регион. Во текот на изминатиот период, надлежните дипломатско-конзуларни претставништва се во континуирана комуникација со нив, стои во информацијата.

Министерството, додаваат, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, разгледува повеќе можни сценарија за репатриација и евакуација, кои ќе бидат активирани кога тоа ќе го дозволат условите на терен и/или по повторно воспоставување на воздушниот сообраќај.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски додели награди за најдобрите училишни спортисти во Прилеп

Следно

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

Latest from Blog

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

 Сепак во земјава според последната одлука на РКЕ за сега нема значителни поскапувања на нафтените деривати..Од таму појаснуваат дека при утврдувањето на малопродажните цени на нафтените деривати ги вклучуваат пресметките од изминатите

Проданоски додели награди за најдобрите училишни спортисти во Прилеп

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп и Општина Прилеп, денеска беа доделени награди и признанија на учениците и училиштата кои ја освоија титулата општински прваци во 20 спортски категории

МБИ10 со пад од 0,31% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија

Изготвено од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Индексот МБИ10 на берзанската сесија од 2 март 2026 година забележа пад од 0,31% и денот го заврши
Go toTop