МНР со повик до наши граѓани во Словенија: Напуштете ги загрозените подрачја, контактирајте ја амбасадата за помош

August 4, 2023
1 min read

Се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат амбасадата на Северна Македонија, пишува во повикот од Министерството за надворешни работи

Граѓаните на Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија, особено оние што се наоѓаат покрај реките, повика Министерството за надворешни работи (МНР).

По катастрофалното невреме кое ја зафати Словенија и големите поплави низ државата, во соопштението од МНР упатено до наши граѓани информираат дека затворени се голем број патишта и автопатишта низ цела земја.

„Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни. Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана“,

велат од МНР.

Телефонските броеви на кои може да се контактира амбасадата во Словенија се: +386 1 421 00 21; и +386 41 544 222.

Достапна е и следната е-пошта адреса: [email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството во Скопје на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-пошта адреса: [email protected].

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОТКРИЕНО Е ИМЕТО НА КАНЦЕРОГЕНИОТ ЧИПС ОД СРБИЈА Сте грицкале ли некогаш ваков чачански чипс со вкус на пиперка?

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку три жртви во невремето во Словенија, ситуацијата со поплавите и натаму критична

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop