МНР на Италија Тајани: Ги чекаме предлозите од Северна Македонија

September 10, 2024
2 mins read

Италија се вложува во пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, земја која сметаме дека е многу важна и земја пријател на Италија, порача италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани. 

Прашан дали Италија ќе поддржи промена на преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ, Тајани, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, рече дека се дискутира на оваа тема и дека ќе ги причека предлозите и информациите на Република Северна Македонија.

-Дискусиите се во тек, треба да се најде и договор со Брисел. Ние секако го поддржуваме дијалогот и од стратешки аспект ќе продолжиме да го поддржуваме пристапувањето на Република Северна Македонија во што поскоро време. Секако, договарањето е помеѓу двајца. Северна Македонија испрати важни пораки за да одговори на барањата на Европа, така што, Република Северна Македонија ќе одлучи како да продолжи во дијалог со Брисел, бидејќи ние секогаш сме за дијалог и дијалог на секој можен начин. Меѓутоа, одредени барања треба да бидат почитувани, меѓутоа и технички-правно да има конфронтација помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ сигурно ќе се најде одредено решение. Добро кажа министерот, дека пред секоја пречка има решавање, а тоа е пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, изјави Тајани. 

Прашан за „неговата мисија“ во Западен Балкан и која е неговата идеја како МНР по посетите на Црна Гора и Северна Македонија, за тоа колку земјите од Западен Балкан сакаат да се дел од ЕУ, Тајани рече дека ова се европски земји, така што „тие не може да ги гледаат Кина и другите земји како нивни соговорници“, туку како Европејци, секако дека гледаат кон ЕУ. 

-Јасно е дека гледаат кон ЕУ, меѓутоа не треба ја направиме грешката да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот, кои што гледаат, во Европа како нивна втора татковина, бидејќи, ако ние не покажеме дека сакаме да ја подадеме раката на оние што ни ја бараат, ако кажеме не ве сакаме, оди од друга страна, тоа не е прифатливо, изјави Тајани.

Италија, појасни Тајани, секогаш имала многу силен однос со земјите од Балканот и тоа вложување го покажува на сите свои посети на земјите од Балканот. 

-Сакаме да го забрзаме темпото за пристапување и ние се залагаме пред институциите во Брисел, и се надевам дека нашиот глас е авторитетен и верувам дека нашето залагање во корист на Балканот не е само политичко залагање, туку и квалитативно и квантитативно залагање кое што има свој товар. Ако Италија го бара тоа, мислам дека нашата гаранција е голема. Тоа не значи дека не треба ништо да се направи и да не се заврши започнатиот процес, туку треба сепак да се подаде рака кон оние народи кои што сакаат да бидат со Европејците, особено нашите пријатели од Балканот.  Треба да се решат проблемите што не се решени, за да се почитуваат европските права за пристапување. Секако, ако не го направиме ние ова ќе има некој друг што ќе сака да не замени. Мислам на Русија, на Кина и друго делови од светот. Мислам на Турција, меѓутоа во политиката не треба ништо да се остави недовршено, појасни Тајани. 

Ние, нагласи Тајани, политички сме убедени дека Балканот е интегративен дел на ЕУ. Не е само економско прашање ова, туку и тоа да се реконструира и да се создаде Европа, која што по Втората светска војна беше поделена на две. – Целите кои ги даде Роберт Шуман беа да се создаде мир и со пристапувањето на земјите од Балканот практично помагаме во остварување на сонот на овие основоположници, меѓутоа и на младите кои што се дел од Европа, изјави Тајани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ФОТО: Чурлинов се повреди на стартот од натпреварот против Ерменија

Следно

ФОТО: Maкедонија славеше над Ерменија со играч помалку

Latest from Blog

Митески прогласи голема победа во Аеродром

Дејан Митески прогласи голема победа во Аеродром, со 18.000 гласа. -Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба!

Тони Тоневски победи во Пробиштип

НЕОФИЦИЈАЛНО: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја освои победата во Пробиштип со 4.156 гласа, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Драган Анастасов, доби 4.131 глас. Се очекува официјална потврда од изборната комисија.

Џастин Балдони ја повлече тужбата од 400 милиони долари против Блејк Лајвли

Актерот и режисер Џастин Балдони ја отфрли својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување. Судска одлука Како што објавува

„Шејн“ доби пријава од француската агенција поради продажба на сексуални кукли со изглед на дете

Како одговор, Шејн објави дека спорните кукли оттогаш се отстранети од нејзината платформа, објави France 24. Во соопштението, DGCCRF рече дека „описот и категоризацијата на производите на веб-страницата на Shein потврдуваат без
Go toTop