МНР на Бугарија: Нема зошто да се посредува, исполнете ги критериумите и договорените услови

October 5, 2024
1 min read

Како свој главен надворешно-политички приоритет Скопје го наведува приклучувањето кон европското семејство на вредности и правила. На ова потсетува бугарското Министерството за надворешни работи, во својот став во врска со „постојаните изјави на претставници на Република Северна Македонија, со кои се доведува во прашање принципот „pacta sunt servanda“, јави БТА.

-Тоа претпоставува строго почитување на добро познатите обврски, посочуваат од бугарското МНР, додавајќи дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу Европската Унија и земја-кандидат. Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, се наведува во ставот на Министерството.

БТА ја цитира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена во вчерашното интервју на Канал 5, каде што наведува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан понудил да биде домаќин на средба меѓу Бугарија и Северна Македонија „за да се види дали може да се приближат позициите“, за да може Скопје да започне преговори со ЕУ.

-Нека биде Европска Унија арбитер, претседавачот со ЕУ нè кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно, туку сите, и да нема повеќе пречки и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме. Унгарскиот премиер Виктор Орбан планираше да ме повика мене и бугарскиот претседател во Будимпешта на разговори како претседавач со ЕУ, рече вчера Мицкоски.

Во интервјуто Мицкоски, како што наведува БТА, кажал дека претставниците со коишто разговарал во Брисел, му кажале дека ја поддржале Преговарачката рамка, бидејќи „поранешниот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ги убедиле дека ќе го обезбедат неопходното мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот“.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на 25 септември донесоа одлука да ги разделат Албанија и Северна Македонија на патот кон пристапување во ЕУ, а првиот кластер Тирана ќе го отвори на 15 октомври.

-Нашата позиција е многу јасна. ЕК се радува на отворање на првите кластери со Албанија што е можно побрзо, а и со Северна Македонија веднаш штом ги исполни критеримумите одредени од Советот, рече тогаш Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка

Следно

Десет нови дестинации од македонските аеродроми: Летови до Дубаи и линија Охрид – Истанбул

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop