ММА: „Арбeр Адеми го блокира предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“

February 7, 2024
1 min read

Македонската медиумска асоцијација реагира на блокадата во Собранието на предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги. За тоа го обвинуваат пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми. Тој претседава со Комисијата за европски прашања каде предлогот мора да помине. Од Асоцијацијата оценуваат дека со одложување на овој предлог закон, Владата може без никаква транспарентност и контрола да троши буџетски пари. Според ММА, нема одговор на нивните прашања колку пари потрошила Владата за најмалку 16 кампањи спроведени во последниот период. Македонската медиумска асоцијација, каде што членуваат националните телевизии, бара донесување на законот со кој, како што велат, конечно ќе се стави крај на самоволието на некои министри кои ги злоупотребуваат парите на граѓаните исклучиво за лична промоција.

„Членовите на ММА имаа повеќе средби со претставници на СДСМ и ДУИ на кои ни стана јасно дека една од овие две партии има крајно непринципиелен и за нас неетички однос кон една наша телевизија, поради несогласувањето со уредувачката политика на таа телевизија – однесување кое само по себе е скандал. Вознемирувачки е што ОЈО не гони пиратерија, тешко кривично дело кое нанесува голема штета на многу субјекти, гледачите и нас телевизиите, за што доколку има потреба во блиска иднина ќе се обратиме до советот на обвинителството. Македонската медиумска асоцијација оценува дека со доцнењето на предлог-законот од страна на пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, кој е претседател на Комисијата за европски прашања, на Владата ѝ се овозможува без никаква транспарентност и контрола да троши буџетски пари за граѓаните. Нема одговор на нашите прашања колку пари потрошила Владата за најмалку 16 кампањи спроведени во последниот период“, рече Иван Мирчевски, Претставник на ММА.

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат музичар и професор загина во сообраќајка во Хрватска

Следно

Стано: Нема статус кво, продолжува работата на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Latest from Blog

Новогодишната магија на „Зимска приказна“ преку театарските настапи на учениците во Битола

Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ја збогатија битолската празнична магија со својата традиционална новогодишна приредба, дел од овогодинешната манифестација „Зимска приказна“. На сцената во Центарот за култура, малите

Омерагиќ го претстави Седлоски како нов селектор на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција. „Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски,

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe
Go toTop