Screenshot

Млеко со афлатоксин од Косово за малку ќе стигнеше до македонските маркети: запрени 27,5 тони

August 24, 2026
1 min read

Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации.

Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми млеко, кои биле задржани од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство. По земањето мостри и извршените лабораториски испитувања било утврдено дека млекото не ги исполнува условите за безбедност на храната.

Пратките биле прогласени за небезбедни и не биле пуштени на македонскиот пазар. Целокупната количина од 27,5 тони, под надзор на официјален ветеринар, била нештетно уништена на депонијата „Дрисла“.

Афлатоксините се токсични материи што ги создаваат одредени видови мувла и можат да се појават во житарките и храната за животни. Преку контаминирана добиточна храна тие можат да преминат и во млекото.

Особено внимание се посветува на афлатоксинот М1, кој може да се појави во млекото и млечните производи. Долготрајната изложеност на афлатоксини се поврзува со сериозни здравствени ризици, вклучително и канцероген потенцијал.

Контаминираните пратки биле откриени во рамки на мониторинг-програмата која се спроведува при увоз на храна од животинско потекло.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство претходно вовеле и посебни безбедносни мерки за увоз на млеко и млечни производи, со засилени контроли и задолжителни лабораториски испитувања.

Благодарение на контролите на границата, небезбедното млеко било откриено пред да стигне до потрошувачите и ниту еден килограм од спорната количина не бил пуштен во продажба во Македонија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Следно

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop