Младите македонски фудбалери до 19 години поразени од Швајцарија

March 23, 2024
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги загуби шансите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи ова лето во Северна Ирска, откако денеска загуби од Швајцарија со 2-0 во рамки на 2. коло во групата 7 во квалификациите во елитната рунда.

По стартниот пораз со идентични 2-0 од Украина, избраниците на селекторот Тони Јакимовски попладнево беа поразени и од Швајцарија и останаа без теоретски шанси за првото место во групата кое носи пласман на завршниот турнир од 15 до 28 јули во Северна Ирска.

Стрелци на головите за Швајцарија беа Пол Лигуе во 12 минута и Ромео Бенеј во 80 минута.

Македонските фудбалери квалификациите ќе ги заокружат во вторник против Латвија, која денеска, исто така, го претрпе вториот пораз и беше совладана од Украина со 3-0.

Украина и Швајцарија водат на табелата со 6 бодови, а Македонија и Латвија се без освоен бод.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расте бројот на случаи на голема кашлица

Следно

КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО НА НОВ УДАР: Луѓето тврдат дека снимката е лажна и дека тоа не е Кејт, направено е со помош на вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop