Младите македонски едриличари до 14 години стекнаа драгоцено искуство на Светското првенство Оптимист 2025

July 12, 2025
1 min read

Од 26ти Јуни до 6ти Јули 2025 година, во Порторож, Словенија, се одржа Светското првенство во едрење во класата Оптимист, кое собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави.

Македонија настапи со четири претставници, кои успешно ја завршија регатата, стекнувајќи вредно меѓународно искуство и спортска мотивација за натамошен развој.

Едриличарска федерација на Македонија

Пласман на македонските натпреварувачи:
Берак Шашко – 260. место
Мила Булатовиќ – 262. место
Стефан Бараковски – 270. место
Лина Пашоска – 274. место

Во генералниот пласман по нации, Македонија го освои 52. место од 64 земји во Nations Cup рангирањето, кое се пресметува врз основа на настапите на најдобрите четворица натпреварувачи од секоја земја.

Првенството се одржа во услови со умерени ветрови, што бараше од натпреварувачите голема концентрација, техничка стабилност и тактичка прецизност. Се одржаа вкупно 9 трки, од кои 5 квалификациски и 4 финални.

Од Едриличарската федерација на Македонија истакнуваат: „Задоволни сме од дисциплината и посветеноста на нашите млади едриличари. Настапот во Порторож е чекор напред кон поголеми резултати и одржување континуитет на учествата на значајни меѓународни натправари. Продолжуваме со работа и инвестиции во младите категории.“

Учество на вакви натпреварувања претставува вложување во иднината на македонското едрење, а поддршката од институциите и јавноста е клучна за понатамошен развој на овој спорт.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Американскиот претставник ги повика ПКК/ЈПГ брзо да се интегрираат за да се избегнат проблеми со Турција и Сирија

Следно

Не е точно дека нападот врз Данела го осудиле само СДСМ и бугарски политичари – листата е огромна, граѓаните се згрозени

Latest from Blog

Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

Фото: Борусија Дортмунд Х Во рамките на осмото коло од германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Келн со гол постигнат во последната минута од натпреварот. Се очекуваше

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше

Левичарката Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Според прелиминарните резултати, независната кандидатка на левичарската партија, Кетрин Коноли, победи на претседателските избори во Ирска со убедлива разлика, освојувајќи 64 проценти од гласовите по преброени две третини од гласачките ливчиња. Нејзиниот
Go toTop