Млада Палестинка изработува рамазански фенери во Газа од кутиите од хуманитарна помош

February 22, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинката Рихан Шераб, која живее во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, разурнат од израелските напади, изработува традиционални украси со приближувањето на месецот Рамазан, јавува Анадолу.

Со цел да ги одржи живи атмосферата и традицијата на месецот Рамазан, Шераб прави фенери во различни големини и бои користејќи кутии од хуманитарната помош.

Во Појасот Газа, каде нападите на Израел траеја речиси 16 месеци и предизвикаа големи разурнувања, младата Палестинка Рихан Шераб се обидува да им ја донесе радоста на Рамазан на децата на раселените семејства.

Израелската армија започна сеопфатен напад и силно бомбардирање на Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, откако имаше наметнато блокада цели 17 години, уништувајќи ја инфраструктурата, училиштата, болниците и џамиите.

1,5 милиони луѓе во Појасот Газа беа раселени и останаа без покрив над главата поради силното израелско бомбардирање и принудното раселување.

На 2 февруари, шефот на владината канцеларија за медиуми во Газа, Саламе Маруф, го прогласи Појасот Газа за „зона на катастрофа“.

Појасот Газа и другите делови на Палестина, исто како и другите арапски земји, ги осветлуваат своите домови, улици и авении со фенери како дел од одбележувањето на месецот на постот, Рамазан.

Младата Палестинка, која шаторот во кој престојува го претворила во работилница, рече дека рамазанските украси ги изработува од картони од хуманитарната помош кои ги сече со стари ножици и ги обложува со шарени ткаенини.

Истакнувајќи дека нејзината цел е да ги врати Палестинците, особено децата, кои беа подложени на разорната војна на израелската армија, на рамазанската атмосфера на која беа навикнати порано, Шераб рече дека се обидува да направи што е можно повеќе фенери, кои планира да ги дистрибуира на почетокот на Рамазан.

Во муслиманската култура фенерите го симболизираат светиот месец.

Во делови од светот, како што е Египет и други исламски земји, фенерите ги осветлуваат улиците во море од бои, создавајќи прекрасна и магична атмосфера.

Покрај нивната употреба во светите месеци и ноќи, се користат и како украси во домовите во рамазанскиот период.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски, едноставно затоа што испорача слаби резултати и не ја унапреди работата на обвинителството

Следно

Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop