Млад турски пливач успешно ја заврши трката во пливање „20 мостови“ околу Менхетен во Њујорк

July 28, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Турскиот пливач Невзат Арда Агир, на само 16-годишна возраст, успешно ја заврши престижната и екстремно напорна трка „20 мостови“, долга 46 километри, која се одвива околу Менхетен во Њујорк, САД, известува Анадолу.

И покрај силните морски струи, Агир успеа да го доврши маратонот на отворени води, а своето успешно учество на трката ѝ го посвети на фондација која обезбедува поддршка за пациентите заболени од рак.

Со ова постигнување, тој стана најмладиот турски пливач што некогаш ја има завршено оваа реномирана трка.

Натпреварот, претходно познат како „Маратонот околу Менхетен“, го добил името по 20-те мостови под кои пливачите поминуваат додека го обиколуваат целиот остров. Настанот бара исклучителна издржливост, храброст и силна мотивација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворен сообраќајот на патот Струмица – ГП Ново Село

Следно

Илиевски: Ме радуваат енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во тимот

Latest from Blog

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop