МКФ: Спортот обединува, не дели

August 3, 2025
1 min read

Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија – Романија, одигран вчеравечер во Куманово.

-Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ќе бидат пример за спортска култура и поддршка. Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто. Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите.  Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани. Жалиме што еден таков настан, кој од домаќински и организациски аспект доби највисоки пофалби, сепак од една занемарлива структура на не/навивачи се искористи за  НЕСПОРТСКИ потреби. Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои, стои во соопштението на федерацијата.

Натпреварот Македонија – Романија заврши со победа на гостите од 80:72.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрагата на израелската армија го поврзува порастот на самоубиства на војниците со траумата од војувањето во Газа

Следно

СДСМ обвинува: „Ветерниот парк Алказар ќе заврши во приватни раце, наместо да донесе поевтина струја“

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop