Мизрахи: Филипче побрза да се правда, но продолжи да тоне уште подлабоко

January 27, 2025
1 min read

Пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, му одговори на лидерот на СДСМ и Венко Филипче околу скандалот со Онкологија.

„Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател на СДС продолжи да тоне во калта уште подлабоко.

Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно. Заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен.

Филипче директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби. Тоа се шеесетина дејствија спротивни на законите. Тоа се шеесетина дејствија со директно влијание по животите на пациентите.

Господине Филипче, се чини дека во паниката во која се наоѓате го заборавивте и се надевам дека го заборавивте, а не дека не го познавате Законот за здравствена заштита, па оттаму и вашата прес-конференција на која ме прозивате е во тотален хаос.

Господине Филипче, извештаите од институциите доставени до Министерството за здравство во периоди од 6 месеци се согласно член 110 од Законот за здравствена заштита и се доставуваат од директорот на установите. Стручните комисии господине Филипче ги формира министерот и немаат никаква врска со шестмесечните извештаи, инаку тие се согласно членот 226 б, ако ве интересира.

Да ве потсетам, господине Филипче дека согласно членот 295 надзор врз здравствените институции врши министерот и оттука следи неговата директна одговорност.

Да ве потсетам исто така господине Филипче дека за време на анкетната комисија вие некако на ништо не се сеќававте, затоа сакам директно да ве прашам: Дали единствената цел на вашата прес-конференција беше само срамно да се брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.

Господине Филипче треба час поскоро да признаете наместо да се давите во кал дека немало воспоставен систем, дека немало регистар, дека немало следливост на онколошката терапија, дека немало ништо освен системски башибозук.

Ако господинот Филипче не  сака да верува во фактите ние ќе го потсетиме дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година.

Го информираме Филипче дека денес институциите ги адресираат и веќе работат на отстранување на недостатоците кои претходната влада на СДС и тој како министер во истата  ги оставија под зад себе.

Филипче мора да сфати дека ако тој како министер за здравство и претходната влада предводена од СДС мислеа барем малку на пациентите немаше да ја имаме состојбата што ја оставиле зад себе денес.

Господине Филипче бегање од одговорност нема да има!“, рече Мизрахи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Имате ли ритам?“ – Концерт за деца на Македонската филхармонија

Следно

Се уште се бара најсоодветно решение за ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop