Мицотакис направи мини реконструкција на Владата

January 3, 2024
1 min read

Новите министри утре попладне ќе положат свечена заклетва пред претседателката Катерина Сакеларопулу

Промени во четири министерства на позициите министри и заменици-министри направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, што воедно е и прва, мини реконструкција на Владата во вториот мандат што го доби пред шест месеци, по изборите на крајот на јуни минатата година.

Владиниот портпарол Павлос Маринакис попладнево соопшти дека по одлука на премиерот Мицотакис, направена се промени во составот на Владата.

Сменет е министерот за заштита на граѓаните, кој воедно е и надлежен за полицијата, Јанис Иконому, а на негово место доаѓа Михалис Хрисохоидис, кој по петти пат во неговата политичка кариера го презема конкретното министерство, а промени има и на заменичката позиција.

На местото на Хрисохоидис во Министерството за здравство доаѓа досегашниот министер за труд Адонис Георгиадис, на негово место ќе биде заменик-министерката за образование Домна Михаилиду, а на испразнетото место во Министерството за образование поставена е Јоана Литриви.

Досегашниот владин портпарол Павлос Маринакис ја задржува позицијата, но паралелно, станува и заменик-министер под премиерот.

Новите министри утре попладне ќе положат свечена заклетва пред претседателката Катерина Сакеларопулу.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров: Ќе покренеме иницијатива да се донесе закон за изградба на Чебрен со домашни сили

Следно

Променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop