Мицксоки: Ќе се борам до последниот атом да докажам дека ги менуваме работите на добро

September 8, 2024
1 min read

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

На Свечената академија во организација на Владата, Мицкоски рече дека овој ден нѐ потсетува на нашето долго патување до слободата.

Денеска сме исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината. Тогаш владееше ентузијазам и голема енергија и одобрување на референдумот. Триесет и три години подоцна, многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неупсеси, потфрлања во системот. Битката не смее престане затоа што патриотизмот постои и денеска, посочи премиерот.

„Запрашани дали после децениските разочарувања, битката треба да престане. Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес со оваа генерација битката мора да се извојува. Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мора да ги победиме се различни“, истакна Мицкоски.

Тој потенцира дека како нација имаме две големи цели – да го победиме разочарувањето на секој еден човек напластено од сите неуспеси, а втората, да го сузбиеме криминалот и корупцијата која метастазира во сите делови од општеството.

Ќе се борам со секој атом да докажам дека сме поразлични од сѐ досега и дека го менуваме работите, нагласи премиерот.

Свечената академија започна со изведба на македонската химна од страна на детски хор во Македонската филхармонија. Беше прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески, како и изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на Националниот џез оркестар.

Како што соопштија претходно од владината прес-служба, настанот е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралија: Пописот во 2026 година со нови прашања за сексуална ориентација и пол

Следно

Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop