Мицкоски: Железницата ја враќаме на шините на развојот

December 30, 2025
1 min read

Почнати се градежните работи за Линијата 1 или т.н. градски воз. Вредноста на Договорот е 360 милиони денари, а проектот предвидува целосна реконструкција и надградба на постоечката траса.

Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, ова ќе значи побезбеден, побрз и поефикасен железнички сообраќај.

Дополнително, нагласи премиерот, изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува еден од стратешките приоритети.

-Преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедени средства за капитални проекти со кои ја поставуваме железницата таму каде што и е местото – како клучна врска помеѓу Балканот и Европа. Ова не се изолирани проекти. Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата. Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија, истакна Мицкоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра со кој е предвидена набавка на електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт.

Според премиерот, железницата мора повторно да стане двигател на извозот и логистиката, а не тесно грло на економијата.

-Посебно важен е еколошкиот аспект. Со фокусот на електрични локомотиви, се движиме кон нула емисија на загадувачки материи. Ова е директен придонес во борбата против аерозагадувањето, во заштитата на животната средина и во развојот на чист, модерен и одржлив транспорт. Во услови на енергетска транзиција, железничкиот транспорт станува клучен фактор за ефикасен, конкурентен и еколошки одржлив систем. Инвестициите во електрични локомотиви и модерни коридори се целосно усогласени со владините политики за интеграција во европските транспортни мрежи, подвлече Мицкоски.

На потпишувањето на Договорот со ЕБОР во Владата беа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ентони Хопкинс за зависноста: Премногу се забавував, за малку ќе загинев

Следно

ВИДЕО Несреќа на жичарница во Италија: Четири лица повредени, стотина спасени со хеликоптер

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop