Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика, но тоа е негова стратегија

October 12, 2024
1 min read

Правата на бугарската заедница не се тема за дневна политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи жалење што лидерот на ДУИ Али Ахмети тоа, како што нагласи, го користи мислејќи „дека така ќе добие поен, да се вовлекува на соседите наместо со тие дома, со кои дели секојдневие“.

Прашан за коментар на денешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков, по која партијата од Мала Речица излезе со соопштение дека „бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот“, Мицкоски порача „не мислам дека е вистинска политика, но нека тера“.

– Бугарија е потписник на резолуцијта за заштита на човековците права, а има 14 пресуди од Судот за човекови права кои велат дека Бугарија не ги почитува права на македонската заедница. И нула за реалноста во Македонија за бугарската заедница. Жалам што Ахмети тоа го користи како дневна политика, но тоа е негова стратегија. Тој мисли дека така ќе добие поен, да се вовлекува на соседите наместо со тие дома, со кои дели секојдневие, тоа не мислам дека е вистинска политика, но нека тера, изјави Мицкоски.

Неколку стотини граѓани, посочи Мицкоски, го користат бугарскиот јазик како мајчин јазик, и не можеме да кажеме дека тие не постојат, истокако што седум-осум пати има повеќе Бугари во Албанија отколку во Македонија.

-И тоа е исто така реалност. Не можеме да кажеме дека тие не се реалност. Но исто така е реалност и македонската заедница во Бугарија. Ако ние зборуваме да ги вклучиме Бугарите во Устав сега, тогаш треба да зборуваме и да видиме македонската заедница во Бугарија какви права има и да ги споредуваме реалноста на бугарската заедница кај нас и македонската заедница во Бугарија. И тогаш можеме да носиме вистински заклучоци. Тоа за мене не е тема за дневна политика. Тоа е тема за која треба да разговараме стратешки, со визија, затоа што таа тема треба на нас да ни го отвори и загарантира членството во рамките на ЕУ на основа на Копенхашките критериуми, нагласи Мицкоски.

ДУИ, преку соопштение денеска информираше дека во седиштето на партијата Али Ахмети, го примил новиот амбасадор на Бугарија Жељазко Радуков, во кое меѓу другото се вели дека „Бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот“ и дека „приоритет на ДУИ е токму продолжување на европскиот пат, затоа уставните измени мора веднаш да се случат бидејќи граѓаните очекуваат да станеме дел од Европската Унија“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Таравари најавува нов закон: „Сите констатираа дека Балансерот не функционираше како што треба“

Следно

Димитриевски: Одлично соработуваме со дефанзивците и верувам дека нема да примиме гол

Latest from Blog

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот нешто повеќе да смени

Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но според почетните имиња кои се брифираат од медиумите не очекувам опозициската СДСМ на Конгресот да понуди нов квалитет на политичката сцена, оцени денеска премиерот

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска е во Лондон, во рамки на серијата средби со албанската дијаспора. Тој како и на претходните средби ја побара поддршката за парламентарните избори следната пролет, за четврт
Go toTop