Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме, затоа мора заедно да ја направиме парадигмата кон која треба да се стремиме

January 30, 2025
1 min read

Денес на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на изградбата на објектите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, но и за состојбите во образованието од аспект на намалените демографски параметри.

„Образованието за нас е приоритет затоа што не може да имате силна држава без силно образование, рече премиерот и продолжи: Во високото образование од каде што доаѓам и јас, изградбата на инфраструктура е многу значајна.

Генерално дали се работи за новиот кампус кој планираме да го градиме за универзитетот „Мајка Тереза“, дали тоа значи изградба на новите згради на факултетите ФИНКИ и ФФК, дали ќе правиме некој нов технолошки парк кој што ќе биде значаен, за мене како претседател на Владата преставува само додадена вредност. Кога вложувате во високо образование, секогаш можете само да добиете, не можете да изгубите.“

Тој посочи дека овие згради на факултетите ќе бидат изградени, а со студентите ќе се договори стилот на архитектурата.

„Дали тоа ќе биде во постар барок стил, дали во модерен стил, студентите нека кажат. Тие како сакаат така ќе биде. Ние нема да наметнуваме.“, посочи премиерот Мицкоски.

„Она што мене ме загрижува е она што оваа учебна година 2024/2025 за жал матурирале само околу 14 .000 матуранти. Ако се вратиме 18 години наназад, тогаш ќе видиме дека околу 10.000 луѓе ни се изгубени. Тоа е нешто кое за мене претставува предизвик.“, потцрта Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ниту овие 14.000 матурирани ученици не се запишуваат на факултетите, со оглед на тоа што на Универзитетот „Кирил и Методиј“ се запишале само 5000 студенти, а тој запишува повеќе од половината студенти.

Тоа според него е загрижувачки параметар, особено ако се земе бројот на новородени сега кои за 18 години ќе бидат потенцијални студенти.

„Овие згради ќе ги изградиме, и кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го изградиме, и други ќе изградиме, но се плашам да не бидат празни за 10-15 години од сега. Затоа ни е потребно да седнеме сите заедно и да креираме нова парадигма и цел каде сакаме да бидеме. На безумието мора да му дојде крај. Не е се политика и не е се желба за власт и моќ.“, заклучи Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Наместо притвор, судот одлучи 20-годишникот кој ја прегази Фросина да оди во поправен дом Тетово, третирајќи го како помлад полнолетник

Следно

Германскиот Парламент расправаше за потенцијална забрана на крајно десничарската партија АфД

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop