Мицкоски: Земјоделците се наш приоритет, годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања

January 8, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали оваа година се планираат директни исплаќања на земјоделците и колкава ќе биде поддршката од Владата кон нив, изјави:

„Да апсолутно, сакам да потсетам дека откако сме Влада, само во текот на минатата година кога бевме избрани како Влада од 24 јуни, па до крајот на 2024 година, се префрлени повеќе од 70 милиони евра за земјоделците. Со што се вратени оние долгувања од минатото и сега веќе имаме тековни исплати, што е добро. А, за следната година повеќе од 7,2 милијарди денари нешто над 120 милиони евра, се предвидени за директни плаќања за земјоделците, од централниот Буџет. Земјоделците се нашиот приоритет. Знаете изминатава година имавме навистина добри резултати и кај лозарите и кај јаболкарите.

Се сеќавате при крајот на годината со онаа рекордна висока цена кај тутунарите поддршка добија и оние коишто произведуваат раноградинарски производи сливарите. Потоа се обезбеди на пазар и за оризопроизводителите, пченицата, јачменот итн. Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и во оваа година“, информираше премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Нападите од опозицијата се неосновани, таму има некредибилни луѓе

Следно

Ирачкиот премиер е во официјална посета на Техеран

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop