Мицкоски: Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески„

November 13, 2025
1 min read

Навистина делува импресивно, овие се проекти коишто носат додадена вредност во општините, во средините, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан каде присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ„Блаже Конески“во Аеродром.

-Знаете дека овде сериозен беше проблемот со образовни услови за децата, се надевам дека со изградбата на ова училиште тој проблем ќе се надмине. Јас сум убеден дека ваков тип на проекти ќе продолжиме и во годините коишто следат да ги реализираме, бидејќи децата се најважната работа, децата се тие кои ја продолжуваат нацијата, ја продолжуваат државата и државноста на Македонија и ние како Влада ќе направиме се што е во наша моќ да обезбедиме услови коишто ќе бидат достојни за следење на наставата и стекнување на знаење, рече тој.

Премиерот упати честитки до градоначалникот, до вработените во ова училиште, до директорката, до претходниот градоначалник сега министер, до советниците, до администрацијата во Општина Аеродром и Министерството за образование буквално до сите оние коишто се вклучени во овие проекти.

-Како Влада, јас можам да кажам дека ќе продолжиме да реализираме вакви проекти онаму каде што тоа е потребно, а убеден сум дека како ќе минуваат годините ваков тип на проекти ќе бидат потребни поради новите политики на оваа Влада, а тоа е семејната политика сето она коешто претставува семејна вредност, рече Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Binance предупредува за нов бран крипто-измами преку WhatsApp

Следно

Радио сигнал од непознат објект пристигна до Земјата: „Знаеме што ни се приближува“

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop