Мицкоски за судењето за „Пулс“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот

November 20, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали граѓаните може да очекуваат фер и правично судење за трагедијата во Кочани, одговори дека исклучува секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот.

– Не знам дали некогаш во демократска Македонија и пошироко се случило здружно обвинители и судии да нападнат претседател на Влада за кажан збор во демократска држава. Јас тоа го доживеав. Така што не знам како би можело да има политичко мешање од страна на Владата. Тоа го исклучувам, потенцира Мицкоски.

Според премиерот, постои политичко мешање и притисок од опозицијата.

– Прво велат, премиерот, Владата се виновни вршат притисок врз судиите, тие се добри, чесни, си ја вршат работата независно и тн. но ајде да формираме Анкетна комисија и да ја префрлиме работата во Парламентот. Сега како се добри, чесни, ако си ја вршат работат, ако треба зошто има потреба од Анкетна комисија. Не знам кој им ги подготвува пораките во јавноста. Збунувачки се, црно бели се, оцени Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје.

Тој повторно спомена дека судството бара поголем буџет, но оти не се сите во таа група, туку „малкумина седнати во фотелјите“.

-Видовме како жилаво се борат за поголем буџет, за поголеми пари, народни пари, тоа се ваши пари на народот. Не се тоа пари коишто ги заработуваат. Замислете еве да не беше споменик културата оваа зграда и да можевме дел од тие пари да ги пренамениме да дојдат тука и да реновираме долу, влезниот дел од болницата, да не е онаква гужва на пациенти кои губат животи. А ние сега треба јавна дебата да водиме со поединци, ќе повторам, не е тоа мнозинство на обвинители, судии, туку поединци коишто зафатиле позиции и не се мрдаат со кран, не можеме да ги поместиме од таму, седат грчевито се борат за фотелјата и малку им се 3 илјади, сакаат 5 илјади евра месечно, во држава во која што просечната плата е 750 евра.

Вчера почна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица во несреќата што се случи на 16 март годинава. Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Според истрагата, трагедијата е резултат на долгогодишни пропусти и свесно игнорирање на безбедносните процедури од повеќе институции и поединци. Објектот „Пулс“ работел незаконски од 2012 година, без минимално-технички услови и со реконструкции без дозволи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска – Кочоска: Онлајн нарачките остануваат по старата цена

Следно

ВИДЕО: Чорба со ќофтиња

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп повторно достоен домаќин на меѓународен карневал

Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

 – На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како поради Панче Тошковски и Весна Јаневска станавме нација со дебели стомаци!?

Стресот е лоша работа. Не личи за вакви редови, ама вистинскиот збор е дека е „заебана“ работа. Го зголемува кортизолот, а тој е врзан со адреналинот и ако не го потрошиш, ти

Нема зима без загаден воздух во Тетово – греењето „на сè и сешто“ и сообраќајниот хаос се децениски причини за аерозагадувањето

Ако нема итна промена на навиките, нема да има чист воздух во Тетово. Сè додека се затоплуваат домовите со сè и сешто, со часови има сообраќаен метеж и трае експанзијата на градежништво

Николо Ровела со долга пауза пред него

Играчот од средниот ред на Лацио, Николо Ровела се соочува со долга пауза затоа што на вчерашниот домашен дуел на тимот против Каљари на гостински терен во рамките од новото Серија А
Go toTop