Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

March 8, 2025
1 min read

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата.

-Тој процес ќе продолжи и понатаму. Буџетот е како никогаш досега, исплатата и дисциплината се како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите. Така што ценам дека вака и ќе продолжи во периодот кој што следува. Ценам дека земјоделците треба да го добијат навремено тоа кое што го заслужуваат. Тутунарите добија историски највисока цена, 400 денари за откуп на тутун, се беше откупено од прва категорија. 100 денари дополнителна субвенција, повеќе од 20 милиони килограми, мислам дека 21-22 тони, нешто што досега беше невозможно. Ќе потсетам и на лозарите, на овоштарите. Оваа Влада има интерес да работи само и исклучиво за граѓаните. И така ќе продолжиме, рече Мицкоски.

Тој порача дека земјоделците им се приоритет.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Нова можност за издавање на код за идентификација за интегрирана наплата

Следно

„Ла Мураља Роха“: Ремек-дело на модерната и бруталистичка архитектура во Калпе

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop