Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: „Зошто се почувствуваа повикани кога не ги споменав“

January 23, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски е зачуден за реакција на грчкото МНР, во кое Грција потсетува дека ‘за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја предуслов е целосното почитување на Договорот од Преспа и секако воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји’.

Мицкоски вечерва во интервју за МТВ, рече, ‘од каде тие се почувствувале повикани кога никој не беше споменат во таа моја изјава’.

 „Мојата цел и мојата порака е јасна. Како претседал на Влада би било неодговорно и предавнички кон македонскиот народ, кон македонските граѓани, јас да кажам дека македонското прашање е затворено во услови кога ние не сме дел од европското семејство, а патот сме го почнале многу пред можеби некои земји – членки кои се таму и тоа е прашање што стои отворено“, рече Мицкоски. 

Според Мицкоски, главната причина за неуспехот се билатералните прашања што не би требало да бидат критериуми и услови.

„Посуштинско прашање, е дека не можеме ние да кажеме дека македонското прашање е затворено кога Судот за човекови права има донесено одлуки и пресуди за Македонците од другата страна на границата во Бугарија, кои велат дека бугарското општество не ги почитува елементарните човекови права кон  македонската заедница таму“, рече Мицкоски. 

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по изјавата на премиерот Мицкоски од САД во која рече дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“.

Изјавата на премиерот ја пренесоа голем дел од грчките медиуми, коментирајќи дека „Мицкоски провоцира“ и говори за „нерешено прашање“. 

Со реакција излегоа и од опозициската СИРИЗА во која велат дека „ги осудуваат изјавите на премиерот на Република Северна Македонија“ и ја повикуваат Владата на Мицотакис „динамично да реагира на ова ново провокативно дејствие“, за кое посочуваат дека е „во спротивност со Договорот од Преспа“.

„Ги повикуваме премиерот на Северна Македонија и сестринската партија на Нова демократија во ЕПП, ВМРО, конечно да разберат дека континуираните прекршувања на Договорот од Преспа и националистичките изјави што ги даваат го кршат и меѓународното право и европското законодавство и ќе имаат сериозни последици и во билатералните односи и во европската перспектива на Северна Македонија“, пишува во соопштението од СИРИЗА.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји, што ќе значи сигурна иднина за македонските граѓани

Следно

Димитриевски бара да се истражи трагата на парите дадени за авансот за Коридорот 8

Latest from Blog

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши
Go toTop