Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

August 10, 2026
1 min read

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави премиерот, Христијан Мицкоски.

„На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

Следно

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop