Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

October 1, 2024
2 mins read

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена од работата на новата Влада, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекуваше, а состојбите се далеку од идеални.  За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.

-Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена – 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече Мицкоски.

Овие 100 дена, како што кажа, не беа лесни, но беа само почеток.

-Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти, посочи Мицкоски.

Се грижиме, додаде, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемување на пензиите и други нови проекти што ги планираме.

-Не ги забораваме ни земјоделците, ниту работниците, ниту наставниците и професорите, ниту лекарите. Обезбедивме за првпат бесплатни учебници за сите на време после долго време. За пасоши и лични документи нема редици, покачивме пензии, исплативме долгови и заостанати плати. Секој ден се обидуваме да покажеме дека делуваме, дека сме присутни со активности, но и да донесеме по некоја нова мерка и се обидуваме да се подобриме, да покажеме дека може поинаку и може подобро, рече Мицкоски и нагласи дека со поддршка на општините се обидуваат да ја развиваат државата и да обезбедуваат проекти кои ќе подобрат нешто.

Потсети дека за само 100 дена новата влада преку линеарното покачување на пензиите овозможи повисоки пензии за над 330 илјади пензионери, нови странски инвестиции, поевтини катастарски услуги, поевтини лекови преку проширување на позитивната листа, највисока откупна цена за винското грозје, ограничена маржа за над 70 прехранбени производи, …

-Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат. Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа, вети Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицајци со приватни возила поминале 959 пати без да платат на патарина во Романовце

Следно

Бактеријата стафилокока е понајдена во храната што ја јаделе децата од ОУ Ѓорѓија Пулевски

Latest from Blog

Проданоски: Нови седишта за публиката и подобри услови за навивачите на „Победа“

На малата трибина на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се поставени нови столчиња со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Со овој зафат се подобруваат условите за

ПРАТЕНИЧКАТА ХЕЛЕН ХЕЈНС ОСТАНА БЕЗ ДВЕТЕ НОЗЕ, напаѓачот се соочува со тешки обвиненија

На независната пратеничка Хелен Хејнс ѝ беа ампутирани двете нозе откако во понеделникот беше намерно прегазена со автомобил, потврди нејзиниот сопруг Фил Хејнс. Поради нападот, 43-годишниот Брендан Нуџент денес беше изведен пред

Селекторот Лазаров одреди список од 35 ракометари за квалификациите за ЕП 2028, на него е и Горига

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Од оваа група ќе бидат избрани

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната
Go toTop