Мицкоски: Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот

May 23, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил сподели објава во која напиша дека присуствувал на настан по повод 23 мај, денот на влашката заедница и додаде дека е време сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот.

„Денеска присуствував на настан по повод 23 мај, денот на влашката заедница, денот кога ја славиме влашката заедница како нераскинлив дел од македонската државност. Денот кога не само што оддаваме признание, туку и си ветуваме: дека никогаш нема да ја заборавиме вредноста што Власите ја имаат за оваа земја.

Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот.

Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, културните манифестации и книжевноста. Секој јазик е мост, а секоја традиција богатство“, напиша Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ќе ја зајакнува македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

Следно

Германија: 12 повредени во напад со нож на железничка станица во Хамбург

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop