Мицкоски во посета на Турција – Ердоган: Нашите односи се јаки како и Камениот мост во Скопје

February 28, 2025
1 min read

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес, истакна премиерот Мицкоски на заедничката прес конференција со Ердоган. Тој истакна дека Турција е еден од нашите најзначајни економски партнери и дека целта е да се зголемат турските инвестиции во Македонија, но и да се создадат можности за македонските компании на турскиот пазар.

„Веќе имаме многу позитивни примери на турски компании кои работат кај нас, во делот на патната и железничката инфраструктура, а од друга страна неодамна и како што објавивме имаме соработка во делот на енергетиката со значајна и голема турска компанија за инвестиции во изградбата на когенеративни гасни централи, топловодна и гасна мрежа во висина од, би рекол, до една милијарда долари“, вели Христијан Мицкоски.

Турскиот претседател Ердоган истакна дека трговската размена меѓу двете земји треба да се унапреди, а во разговорите станало збор и за подобрување на соработката во воената област. Тој ја потенцираше важноста на турската заедница во земјава и рече дека нашите односи се јаки како и Камениот мост во Скопје.

„Минатата година ние имавме околу една милијарда долари трговска размена и мислам дека во првата прилика мораме да ја подобриме и да ја донесеме двострано. Помеѓу двете земји постоењето на Спогодбата за слободна трговија мислам дека треба повторно да се ревидира. Понатаму мислам дека односите кои што ги имаме особено во воената област и во сферата на одбранбената индустрија мислам дека и на нив денеска добро се осврнавме. Нашите односи над 30 години се исто јаки како што е јак камениот мост во Скопје“, вели Реџеп Таип Ердоган.

Во разговорите Ердоган не изостави да ја спомене и ФЕТО, за што рече дека заедничкото пријателство е под притисок на оваа организација. Воедно станало збор и за состојбата со војната во Украина за што оцениле дека треба да се реши по пат на преговори, како и за Палестина за што се согласиле дека овој отворен конфликт треба да се надмине со формирање две држави.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓународен ден на ретки болести: Еве што треба да знаете за секојдневната борба

Следно

Циклонот Гаранс одзеде три животи во француската прекуморска територија Реунион

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop