На денешен ден, 23 декември 1906-та година својот живот го положи Дамјан Груев, еден од основачите и највпечатливи водачи на ВМРО, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во таа чест го искачивме врвот Петлец каде впрочем во нерамноправна и херојска битка загина Груев. Нашата слобода е скапо платена со животите на илјадници херои чии имиња ги изговараме со особена почит и пиетет, а името Македонија е испишано со страдањата и жртвите на многумина и дотолку повеќе и поголем и нашиот завет да ја сочуваме, изградиме Македонија со иднина каква секој еден човек заслужува и сонува. Слава му, порача Мицкоски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.