Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

February 9, 2026
1 min read

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот комитет донесе одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети, објави на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој информираше дека се донела одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии, при што за претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов претседател на комисијата за туризам е Аккан Махмут.

За претседател, пак, на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје бил избран Златко Перински.

-Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.

На седницата на Централниот комитет на партијата одржана во петокот, беше избран нов Извршен комитет, додека за генерален секретар беше избран Драган Ковачки. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиуми истакна дека одлуките донесени на седницата на ЦК на партијата се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Следно

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop