Мицкоски тврди дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кај бизнисот

July 15, 2025
1 min read

Мицксоски информира дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра.

Реализацијата кај општините е нешто помала од очекуваната и на тоа, напомена, се работи дополнително.

„До овој момент половина милијарда или околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година. Последната информација што ја имам, поврзана со кредити кон стопанството, е дека таа бројка е над 150 милиони евра кои се доделени преку комерцијалните банки во бизнисот, а за општините во Буџетот за годинава имаме предвидени околу 200 милиони ерва“, истакна Мицкоски.

Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите, рече премиерот, ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит – за враќање стари долгоиви и за развој и капитални инвестиции на државата. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Главчев: Да бидеме сплотени и да имаме трпение

Следно

„МакеДокс“ во Кочани: Да се погрижиме за реалноста сега, за да имаме иднина после

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска не е жртва, туку дел од проблематичниот систем

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица

Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ: Провалил во станот каде што живее со ќерките, реагирала полиција

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

 За таа цел, толкувачи-уметници ќе ги преведуваат песните, но и ќе ги изведуваат како посебни сценски перформанси. Неодамна во Виена беше организиран специјален избор на кој се претставија кандидати за улогата на

ВОДА! ТОА Е СТАРТЕШКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ИДНИНАТА. Македонија и Балканот се во ваква состојба

Меѓународните организации за заштита на природата Еуронатур и Ривервоч, кои со години ја следат состојбата на реките во Европа, објавија сеопфатно истражување што покажува дека Балканот за нешто повеќе од една деценија
Go toTop