Мицкоски со порака до јавните и државни службеници: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност

June 24, 2025
2 mins read

„Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија. Честит празник за вашиот труд, за вашата посветеност, за вашата отпорност, понекогаш и во тешки и обесхрабрувачки услови“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод Меѓународниот ден на јавната администрација.

Мицкоски истакна дека денешниот ден не само формалност, туку повик за реформи, и конечно надминување на  болестите кои предолго ја разјадува јавната администрација.

„Но денешниот ден не е само формалност. Тој е и повик. Повик за пресврт. Повик за реформа. Повик за конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадува јавната администрација и за кои мораме да бидеме свесни: партизација, непотизам, неефикасност, клиентелизам“, рече Мицкоски и додаде:

„Дојде време за промена. Вистинска промена. Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа. За време во кое знаењето и трудот ќе бидат поважни од партиската книшка. За време во кое институцијата ќе служи на граѓанинот, а не граѓанинот на институцијата. За време во кое професионалноста ќе биде стандард, а не исклучок. За време во кое службеникот ќе биде горд што е дел од јавната администрација, а граѓанинот ќе знае дека ќе биде услужен со почит, ефикасно и дигитално.“

Премиерот Мицкоски нагласи дека изминатата една година започна акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која претставува основа за транспарентност и многу други проекти.

„Во овие 12 месеци, не ветувавме – туку работевме. Ја започнавме акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, како основа за транспарентен и одржлив процес на консултации при изработка на законите. Го формиравме новото срце на реформата – Академијата за стручно усовршување на јавните службеници, со мандат да овозможи стандардизирана и континуирана едукација на национално и локално ниво. Реализирани се над 100 обуки, а преку новата е-платформа LMS, над 100.000 службеници имаат пристап до курсеви, тестирања и евалуации. Се дигитализираше и надгради Системот за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, со што за прв пат институциите имаат реална, точна и целосна слика за кадарот, учинокот и потребите. Се усвои стратегијата за реформа на јавната администрација, усогласена со методологијата на ЕУ и стандардите на СИГМА – стратегија што не стои во фиока, туку се применува секојдневно. Правевме корекција на балансерот – од политичка алатка, го трансформиравме во инструмент на праведност. Праведност наместо политичка математика. Се унапредија порталите ЕНЕР и OGP – овозможувајќи на граѓаните директно учество во креирање и следење на политиките. Родовата еднаквост и социјалната инклузија се интегрирани како норма во сите политики – не како привремена агенда, туку како вредност на оваа Влада“, дециден е Мицкоски.

Премиерот Мицкоски порача дека јавната администрација ќе ја направат место за шанса а не за порази, посочувајќи дека ќе се врати достоинството на јавниот службеник, но и ќе се воведат повисоки критериуми за отчетност.

„Ќе ја направиме јавната администрација место на шанса, не на пораз. Ќе го вратиме достоинството на јавниот службеник – но и ќе воведеме повисоки критериуми на отчетност. Ги градиме темелите на промените. Темели на знаење, работа и вредности. За твоето време кое доаѓа. Време кога ќе бидеш вреднуван по тоа што знаеш, а не кого познаваш. Време кога администрацијата ќе значи сервис – не ќорсокак. Време кога државата ќе работи за народот – не обратно“, посочи премиерот.

Премиерот Мицкоски им порача јавните и државни службеници дека верува во нив и нивната енергија, посветеност и способност, но дека очекува резултати.

„Јас верувам во вас. Верувам во вашата енергија, вашата посветеност и вашата способност. Ние ве поддржуваме – но и очекуваме резултати. Очекуваме партнерство. Очекуваме искрен труд. Денес, ја почитуваме вашата улога, но од утре – заедно продолжуваме по нов пат. Пат на модерна, дигитална, инклузивна и ефикасна администрација. Честит ден на јавните службеници! Честит нов почеток за македонска јавна администрација“, вели премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Историски шамар за Мицковски од „неговите“

Следно

Њујорк прогласи вонредна состојба поради екстремни температури

Latest from Blog

Меџити најавува целосна енергетска револуција во Чаир

Општина Чаир започнува голема урбана трансформација, со проект за субвенционирање на фасади за згради кои немаат енергетска ефикасност. Секој сопственик ќе има можност да добие нова фасада која е функционална и енергетски

Познат турски актер е неуштен по смртта на пријател- погребан е милионерот по кого се трагаше 19 дена (ВИДЕО)

Актерот деновиве поминува низ вистинска драма откако неговиот пријател Халит Јукај, кој исчезна пред повеќе од две недели и на чија јахта крстареше, беше пронајдена пред две недели, а неговото тело кратко

БУШИЛКИ ПОКРАЈ ГЛАВА НА ПЛАЖА: Сезоната ПУКНА, туристите избегаа, за се ги криват агенциите

Иако долго време се сметаше за вистинска летна атракција и новина, оваа туристичка сезона во Албанија не ги исполни очекувањата. Летото 2025 година беше оценето како разочарувачко. Според податоците објавени од списанието
Go toTop